На Твитер се скриени голем број информации кои можат да и користат на полицијата во откривањето на криминал, дури и пред нелегалнинте активности воопшто да се случат, тврдат научниците од Универзитетот во Вирџинија.
Тие демонстрирале дека твитовите можат да предвидат криминални активности, доколку се примени точниот начин на анализа. Како што покажало нивното истражување, во дури 19 од 25 видови на криминал, можат да се предвидат следните шекори на престапниците. Научниците докажале дека Твитер најмногу може да им помогне на инспекторите во предвидување на кражби, случаи на демнење, како и одредени видови напади.
“Резултатите се изненадувачки, ако се знае дека луѓето ретко директно твитаат за криминал. Она што тие го објавуваат на Твитер се нивните дневни активности, но тие често можат да ги одведат до криминал“, истакнал Метју Гербер, шеф на тимот кој го работел истражувањето.
Основното истражување е спроведено во Чикаго, каде експертите успеале да предвидат случки кои следеле, а не морале да одат на локациите каде што се случиле.
Во последните години, идејата за „предвидувачка“ борба со криминалот добива на популарност и значење. Се повеќе полициски единици користат информации добиени од социјалните мрежи, кои ги купуваат од компании како IBM.
Последното истражување се надоврзува на претходни анализи на научниците кои покажуваат дека твитовите, од кои најголем дел се јавно достапни, се драгоцен извор на податоци со чија анализа може да се предвидат исход од избори, епидемии на болести и други важни настани.
Извор: Lider.mk / Business Insider