Во среда (25 март) по десетти пат во Прилеп ќе се вози Критична Маса. Како што соопштуваат велосипедистите, оваа критична маса се придружува на акцијата
„Часот на планетата Земја“ која претставува најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.
#ПрилепНаТочак го промовира возењето на велосипед како средство за борба против климатските промени, со тоа што мотото на оваа Критична Маса број десет гласи:
„Точакот е решение“. Стартот е најавен во 17:30 часот кај споменикот „Александар Македонски“ , а ќе се вози по следната РУТА.
Прилеп На Точак е градска иницијатива која има за цел подигање на јавната свест на љубителите на велосипедизмот, шоферите, пешаците, децата, родителите, јавните институции и сите други во Прилеп за користењето на точакот како урбано и модерно превозно средство за секаде и во секое време.