По дванаесетти пат, поддржувачите на граѓанската иницијатива „На точак“ во среда (24 април) ќе се соберат во центарот на Скопје на заедничко возење велосипеди. Настанот насловен „Критичната маса#12“ , има за цел да укаже на проблемите со кои секојдневно се соочуваат велосипедистите додека се движат низ градот.
„Скопје е загадено, има гужва, Скопје бучи, Скопје е напнато и зависно од проавтомобилски политики и стереотипи. Но Скопје има одлични предиспозиции за да може да стане добар вело-град. Може да стане подобар град, воопшто. И градот функционира на твој погон и енергијата му ја даваш ти!“стои во повикот на организаторите.
Дванаесетата „Критична маса“ ќе се вози по следнава рута низ нов „проблематичен“ дел од градот:
Средбата е закажана за 17.30 часот на Плоштадот Македонија, а организаторите апелираат на внимателност по угорниците и удолниците, но и потсетуваат дека секој учесник вози на своја одговорност.