Оваа среда (26 јуни) се одржува 14-тата „Критична маса“-Скопје на точак, посветена на проблемите со скалите и стрмите делови на патеките низ градот.
„Острите совладувања на висински разлики се еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат велосипедистите во Скопје според анкетата од минатата година, а истовремено и еден од поедноставните за решавање. Постоечките високи и ниски рабници може лесно да се направат глатки, а во иднина слеаноста треба да стане стандард! Сосема слеаните премини од сите тротоари (не само од велосипедските патеки) кон крстосниците без никаков раб и под соодветен агол ќе овозможат континуирано и достоинствено движење на тркала!“, стои во повикот на „Критичната маса#14“.
Заедничкото возење велосипеди во Скопје ќе започне во 19 часот, од паркингот зад Трговскиот центар Рамстор, а ќе заврши во 20.30 кај Фонтаната во Градскиот Парк. Велосипедите ќе се движат по оваа рута.
Сакаме слободно движење за сите на тркала!Скала не е за тркала!, бараат велосипедистите од „Критична маса“.