Веќе традиционалното организирано возење велосипеди низ улиците на Тетово, во организација на неформалната група Тетово на точак, #Критичната маса број 17 ќе се одржи оваа сабота (9 август) од 17.00 часот. Ќе се вози низ улиците на градот, со тргнување од градскиот плоштад, а целите на учесниците остануваат исти: апел до надлежните да создадат подобри услови за користење велосипед во тетовскиот сообраќај.
Во изминатите 17 месеци, тетовските велосипедисти во огромен број излегоа на улиците на редовните #критични маси, за да апелираат за почесто користење на велосипедите како побрзи, поекономични и поеколошки средства за превоз. Во рамките на овие „велосипедски“ настани, во Тетово се организираат и концерти и забави, на кои настапија локални групи и диџеи.