Критична Маса #6 во Тетово оваа сабота

Оваа сабота (14 септември) од плоштадот во Тетово ќе тргнат велосипедистите кои по шести пат ја организираат тетовската „Критична маса“. Настанот, чија цел е подигање на јавната свест за условите за возење велосипед во градот, овој пат се одржува под покровителство на општина Тетово.

Во најавата на настанот се  вели:

Возење точак е:
спорт;
рекреација;
потреба;
опсесија;
забава;

Возење точак е начин:
побрзо да стигнеш до училиште;
да не касниш на состанок;
Да се опуштиш после долгиот работен ден;
Да одржиш форма;
Да изгубиш некое кило;
Да поминеш квалитетно време со симпатијата;
Да ја истражиш скриената природа на твојот град;
Да бидеш и да останеш “зелен“;
Да стигнеш да го видиш зајдисонцето на надвожњакот над автопат;
Да си ја тестираш издржливоста;
Да видиш од што си направен;
Да запознаеш нови весели људи.

Зошто сето тоа да го правиш сам? Возењето точак во друштво е позабавно, се вели во повикот на организаторите.

Поворката со велосипеди на #ТетовоНаТочак, ќе тргне од плоштадот во 17.00 часот, а по возењето следи забава пред платото на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ заедно со диџеите на ОЛУК мултимедија.