Седмото организирано возење велосипеди по улиците на Тетово ќе се случува оваа сабота (12 октомври) со почеток во 17 часот, од градскиот плоштад. Овој пат, организаторите од неформалната група ТетовоНаТочак ставаат акцент на барањата за велосипедска инфрструктура и сообраќајни знаци, а учесниците ќе облечат црвена облека и ќе возат под мотото: „Повлечи црвена линија“.
„Ако ти е преку глава од возење слалом по улици, или пак, тротоари
Ако чувствуваш дека возиш секаде освен таму каде што навистина треба;
Ако постојано внимаваш да не удриш или прегазиш некого, или пак, да бидеш удрен;
Ако си принуден ѕвончето и кочниците да ги користиш почесто од педалите;
Покажи дека на Нашиот град му треба очајно велосипедска инфраструктура и соодветни сообраќајни знаци и сигнали!
Облечи црвена маица, земи го точакот, и дојди на плоштад во Тетово на 12 Октомври 2013 во 17:00 часот да ја извозиме Критична Маса бр. 7
Ајде да повлечеме црвена линија за нови велосипедски патеки!!!“, се вели во повикот на организаторите.