Крива Паланка ќе биде домаќин на Europ’Raid, францускиот караван со над 600 Французи кои патуваат низ 20 земји од Европа, минувајќи 8.000 километри во авантуристичка обиколка со „Пежо 205“.
„Во 17:15 часот големиот франкофонски хепенинг со македонски фолклор, ќе се одржи во Двор на ООУ “Св.Јоаким Крчовски”.Во 21:00 часот концерт ќе имаат BAD ASS ALL, на Летната сцена на Градскиот плоштад“, велат организаторите.
Во рамките на овој настан, Французите ќе се запознаат со македонската култура и традиција, а во духот на меѓународната солидарност, ќе донираат училишна и спортска опрема во училиштето.