Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради сомнение за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Од МВР информираат дека пријавениот на 28 мај, 2020, на „Фејсбук“ објавил текст кој содржел говор на омраза.
Ова се смета за кривично дело, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.