„Круната“ (The Crown) на „Нетфликс“ беше големиот победник на синоќешното 73-то издание на наградите „Еми“, чија церемонија се одржа во Лос Анџелес.
Драма серијата освои седум награди, најмногу од сите фаворити, а успехот на шоуто му помогна на „Нетфликс“ да стигне до највисоката бројка од сите различни мрежи и стриминг услуги. Луѓето на „Нетфликс“ си отидоа дома со 10 трофеи, бидејќи и „The Queen’s Gambit“ собра две награди“, вклучувајќи и таа за ограничена серија, а една отиде и кај „Halston“.
Наградата за најдобра хумористична серија припадна на серијата „Ted Laso“ во продукција на „Епл TВ+“. Ниту „Нетфликс“ ниту „Епл ТВ+“ претходно не освоиле „Еми“ за најдобра комедија или најдобра драмска серија.
View this post on Instagram
Оливија Колман и Џош О’Конор, кои ги играа кралицата Елизабета и принцот Чарлс во „The Crown“, беа прогласени за најдобра драмска актера и актер во раскошната сага за британското кралско семејство.
Кејт Винслет беше прогласена за најдобра актерка за нејзината улога на „проблематичната“ детективка во лимитираната серија „Mare of Eastown “, додека Ијан Мекгрегор победи во истата категорија за својата улога на моден дизајнер во минисеријата „Halston“.
View this post on Instagram
Џејсон Судејкис, ѕвездата и ко-креатор на серијата „Тед Ласо“, беше прогласен за најдобар актер во комедија, а Хана Вадингем и Брет Голдстејн за најдобри споредни улоги. Џин Смарт доби овации кога беше прогласена за најдобра актерка во комичната серија „Hacks“ во улога на стенд-ап комичарка.
Поради пандемијата, церемонијата во Лос Анџелес наместо во традиционалниот „Микрософт Театар“ сега се одржуваше во голем т.н. „шатор“.
Целата листа на наградените може да се види ОВДЕ.