По повод Светскиот ден за борба против хепатитот, 28 јули, од 11 часот во Центарот за Култура во Битола ќе се одвива бесплатно и анонимно тестирање за Хепатит Ц и крводарителска акција, најавуваат од здружението Хепар Центар Битола. Во рамки на настанот промовирана ќе биде и Декларацијата за регионална соработка за елиминација на Хепатитот до 2030 година, што беше потпишана во Загреб на регионалниот состанок посветен на процесот за елиминација на Балканот, земјите од Југоисточна Европа и Израел.
Притоа продолжуваат активностите на Широк сокак со делење на едукативни брошури, а денот че биде завршен со музички хепенинг за намалување на стигмата против овие заболувања на плоштадот Магнолија во Битола, во 21 часот.
Декларацијата беше подржана и потпишана од 12 држави земји учеснички и нивните претставници од различните институции како и ЕЛПА -European Liver Patients Association. #NOEXCUSE FOR #NOhep одржаниот состанок во Загреб беше под покровителство на хрватската претседателка Колинда Грабар Китарович на кој зaедно учествуваа земјите од регионот.
Хепар Центар Битола најави дека своите активности ги продолжува во туристичките центри Охрид и Струга.