Кучето Патрон, трагач на мини, кој откри повеќе од 200 вакви експлозиви по почетокот на војната во Украина, доби орден за неговата служба за земјата.
На 2 и пол годишниот териер одликувањето му го врачи лично украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на церемонија во Киев.
„Денеска сакам да ги наградам оние украински херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои е и прекрасниот мал миночистач – Патрон. Тој не само што ни помага во неутрализирање на експлозивите, туку и ги учи нашите деца за неопходните безбедносни правила во местата каде постојат закани од мини“, рече Зеленски во изјава по церемонијата.
Patron received his recognition. Among those who save the lives of 🇺🇦 every day are four-legged heroes. The most famous among them is Patron, a bomb-sniffing dog. In the presence of @JustinTrudeau, @ZelenskyyUa presented him an award “For Dedicated Work in the #UAarmy“. pic.twitter.com/mssSTlfIKW
— Defence of Ukraine (@DefenceU) May 9, 2022
Кучето, чие име значи муниција на украински, ги наоѓаше руските мини и експлозиви во североисточниот град Чернив и служи како маскота за државните итни служби. Патрон стана своевиден национален симбол на украинскиот отпор против Русија и редовно се појавуваше во видеоспотовите на украинските социјални медиуми.
Patron the dog keeps working hard — just yesterday, he helped defuse 262 items of explosive ordnance near #Chernihiv. We are very proud of our very good boy. pic.twitter.com/hw4zyA8S9R
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) May 1, 2022
Зеленски орденот покрај на Патрон му го врачи и на неговиот сопственик Михаил Илиев на настан на кој беа заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој вчера беше во посета на Киев.