Светски популарната кукла Барбика годинава ќе го прослави 60-от роденден, а нејзиниот производител, Мател, годишно продава по 58 милиони кукли во над 150 држави.
„Во индустријата за играчки каде што успехот трае од три до пет години, 60 години е навистина голема работа, изјави Нејтан Бејнард, генерален директор на брендот Барби.
Барби своето деби го имаше на 9 март 1959 година на саем за играчки во Њујорк. Оттогаш се продадени неколку милијарди кукли низ целиот свет. Брендот Барби е меѓу најпознатите во светот, на рангот на Кока кола и Мекдоналдс.