Новата година започна сосема неочекувано во Лос Анџелес. Некој изминатава ноќ на преминот од 2016 во 2017 година, без никој да забележи, успеал да го промени култниот знак на американската филмска индустрија Hollywood во Hollyweed („weed“ е збор кој се користи за марихуана).
The 1st sun of 2017 rises over #Hollyweed… (whoever did this, bravo 👏🏼👏🏼) pic.twitter.com/4NrDOftYVI
— Amanda Busick (@AmandaBusick) January 1, 2017
Засега никој не презел одговорност за оваа „шега“. Полицијата на Лос Анџелес, според локалните медиуми, го води случајот како недозволено присуство на туѓ имот, со дополнување дека сторителите сигурно ќе бидат пронајдени поради безбедносните камери.
Овој настан се случува на почетокот на годината во која за прв пат во Калифорнија ќе стане легално рекреативното користење марихуана.
Шегата, сепак, не е оригинална. Слична ситуација се случила пред 41 година. На 1 јануари 1976 година, ден кога Калифорнија прифати олеснување во некои законски одредби за користењето на марихуаната студентот по уметност Дени Фајнгуд го прилагоди знакот да пишува „Hollyweed“. Таа шега му донела највисока оценка на студиите. Понатаму, тој го има променето знакот во „Holywood“ и „Ollywood“. Никогаш не бил криминално гонет за тие дела, но полицијата после тие настани ја засилила безбедноста на култните букви над Лос Анџелес.