„Ова не е повик за последен танц, ова е повик за ослободување!Ја отвораме агората! Ја ослободуваме младинската култура, повторно! Ве повикуваме да заедничариме, сѐ повеќе и повеќе да ја прошириме младинската сцена“, се вели најавата за настанот на „Култура Бета“ на 12 февруари во „Буква“, каде ова младинско здружение ќе го прослави својот петти роденден.
Од Здружението велат дека во февруари навршуваат 5 години откако започнаа нивните иницијативи за создавање простор за младите уметници, книжевници, музичари, ликовни уметници, културни активисти. Односно, создавање простор за пријателствување, за дружба и журка, за културно творештво, за ресоздавање на културната сцена, за афирмирање на културата што ја создава новата генерација.
„Токму затоа за нашиот 5. роденден правиме еден СЕОПШТ ЏЕМ: џем сесија + отворен микрофон + колективно колажирање! Каде? Кај нашите добро познати другари, во кафе-книжарницата „Буква“, на 15.2.2025 од 21:00 па до фајронт.
Може сите да ги ставите крилјата, да дојдете во „Буква“, да земете песни, инструменти, стари материјали за колажи и да бидете дел од настанот! За загревањето ќе бидат задолжени: (од поетите) Ива Петреска, Виктор Бучковски, Методија Тасевски, Ивана Јовановска и Јасна Трпкова; (од музичарите) Мартин Џорлев, Борјан Гаговски, Дарио Циевски, Дарко Јованов и Ана Томашич како и тимот на „Култура Бета“!
Заедно со нас може да се приклучи и секој од публиката! Дојдете на сеопшт џем, за сеопштиот хаос да го претвориме во културен космос!“, стои во најавата за роденденскиот настан.