Со цел зачувување на културното наследство и традициите во Крушево, група младите ентузијасти и граѓански активисти ја ја започнаа иницијативата „Културна младинска акција“. Станува збор за филантропска акција со која младите се обидуваат да покажат дека нашето наследство е наша заедничка обврска.
Во рамките на „Културна младинска акција“, граѓанските активисти и волонтери од Младинскиот сојуз од Крушево изработија серија разгледници со мотиви од Крушево, кои ќе се продаваат споени во едно луксузно пакување со етномоменти. Разгледниците кои се веќе во продажба на повеќе места низ Крушево, може да се видат и на официјалната страница на Фејсбук, каде сите заинтересирани можат да најдат детали за акцијата.
Цената на една збирка разгледници е 150 денари, а првите сто збирки се изработени во рамки на проектот „Граѓанинот на прво место“. За што ќе бидат употребени собраните средства ќе се одлучува преку анкета на интернет. Целите на „Културна младинска акција“ се подигање на свесноста кај младите луѓе за значењето на културното наследство, нивно вклучување во промоција и заштитата на културното наследство, но и поттикнување на младите во изнаоѓање креативни решенија за остварување на идеите.
„Културната младинска акција“ е иницирана и спроведена од младите луѓе под мотото „Знаеме, негуваме, дејствуваме“, а е инспирирана од многубројните младински акции што успешно се спроведуваат во државата и низ целиот свет.