Во сабота, 7 април со почеток во 22 часот ќе се одржува музички настан во организација на Room 313 и Coffee House во Прилеп.
Здружението на уметници Green Community („Зелена заедница“) од Битола кое ќе гостува на овој настан, има за цел организирање на културно-уметнички настани со цел претставување на современа култура во општеството. Преку своите настани запознаваат со повеќе стилови и култури на електронската музика, попратени со останати уметности како што се фотографии, уметнички изложби и тн.
Дел од уметниците кои ќе учествуваат во настанот се: Кристијан Петровски талентиран музички визионер, добро познат по неговите DJ сетови и звукот кој е мешавина на варијација помеѓу deep и техно, измешано со добар ритам, тек-хаус и прогресив.
JOSS кој е актуелен изминатата година дена низ македонските клупски локали. Неговиот избор на музика и способностите кои ги владее позади грамофоните. Сетовите кои ги презентира, нудат апсолутно задоволство на подиум.
За визуелната уметност во сабота ќе се погрижи MASTRAPIECE или Матеј Шундовски. Артист чии визуелни проекции може да се видат по театрите ширум Македонија.
Локацијата е клубот „HAPPY” на самиот плоштад во Прилеп. Влезниците ќе чинат 100 мкд до 00 часот, а после полноќ по 150 мкд.