Културно-забавниот настан „На зајдисонце“ по 12-ти пат во Трпејца

Од 20 до 28 јули во охридското туристичко село Трпејца по 12-ти пат ќе се одржува настанот „На зајдисонце“.

На забавно културната манифестација, која се организира од Здружението „За Трпејца со љубов“, се предвидени изложби, проекции на документарни филмови, претстава, како и повеќе забавни активности.

Отворањето на настанот ќе биде утре од 20:30 часот, со изложба на дела на Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, по што следува музички дел.

„На зајдисонце“ ќе биде официјално затворена на 28 јули со видео изложба на наградени творби „Трпејца низ фотографии“, како и изложба на фотографии од Ѓоко Симјаноски.

Настанот се организира во соработка со Општина Охрид.