Art Attack за 30 декември (четврток) го најавува третото возобновено издание на кумановска гитаријада „Гитаријада Куманово 2021“.
Настанот ќе се случува во Занаетчискиот дом Куманово со почеток од 21 часот.
„Настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук“, соопштува Art Attack.
Сепак, велат организаторите, поради ситуацијата со COVID-19 гитаријадата ќе биде од ревијален карактер.
Оваа година дел од „Гитаријада Куманово 2021“ ќе бидат Д.Н.О., Сашко Костов и Волтура.
Влезот за концертите ќе биде слободен.