Во СЦ „Дуња“ во Скопје денеска, 21 јуни, од 19 часот по четврти пат ќе се одржи „Квир бунт“, настан на кој ќе има проекција на филм, читање и дискусија, но и диџејски сет.
„Сведоци сме на консолидацијата на клерофашизмот во Македонија, и пошироко во Европа. Многу е лесно во овој момент да очајуваме и да чуствуваме болка за себе и за нашите сакани или пак да го бараме решението во некој друг. Но, зошто да треба ние како квир луѓе да молиме една нефункционална држава предводена од крвничка и самобендисана владеачка класа, која самата е должна на нејзините газди од империјалистичкото јадро? Зошто да им се молиме на оние кои не гледаат нас како посебна класа консумеристи за таргетирање и како уште една касичка за пари? Токму сега е моментот да покажеме дека ја имаме моќта да водиме организирана борба против системот кој нѐ угнетува нас и сите останати“, соопштуваат од СЦ „Дуња“.
Со овој настан, велат тие, сакаат да потенцираат дека квир значи да се биде бунтовник.
„Време е да ја отфрлиме либералната концепција на квир, која со години не лаже дека ние можеме да се асимилираме во овој гнил систем. Единствен начин за да се дојде до слобода е преку директна борба со системот, борба која ги сврзува сите сфери на општеството и се осмелува да обмисли едно ново општество, борба против сите форми на репресија – борбата против империјализмот и колонијализмот, борбата за слободa на палестинскиот и сите други угнетени народи. Време е да се организираме и да застанеме рамо до рамо против ништувачкиот систем!“, се вели во соопштението на СЦ „Дуња“.
Агенда на активности:
19:00 Pink Flamingos: проекција на филм
21:00 Queering the map: читање и дискусија
21:30 Wh0rem0ans: DJ set