Социјалниот центар „Дуња“ во петок (23 јуни) по трет пат организира „Квир бунт“. Со овој настан, како што велат, сакаат да потенцираат дека да се биде квир, значи да се биде бунтовник.
„’Квир бунт’ оди против либералната концепција на квир, против асимилацијата на квир заедницата во системот“, велат од „Дуња“.
Настанот ќе започне со работилница за квир анархизмот од 16:30 часот, и ќе биде шанса за секој што ќе учествува, како што додаваат организаторите, да дознае повеќе за концептот на квир анархизам – неговата историја, теоријата и практичната вредност зад неа.
По ова, најавена е дискусија, како и свирка на македонскиот бенд „Ниандра“ и грчкиот панк бенд „Псевдопрофитес“ од 19:30 часот.