Над 20 дизајанери и занаетчии ќе бидат вклучени во „Лаб дизајн маркет“ во сабота во „Лабораториум“, каде присутните ќе можат да си набават некој производ.
„Повелете на шопинг забава со Љупа Ангеловски во сабота 6 април од 12 -18 часот“, соопштуваат од „Лабораториум“.
Денот посветен на дизајнерите и занатчиите ќе заврши вечерта со винил сет на Горан Костовски – Индог.
Вечерната програма под мотото „Модерна музика за модерни уши“ стартува од 21:30 часот.