Многу посетители се собраа синоќа во Концепт 37 за да бидат дел од прославата по повод на Светскиот ден на гушкањето. Поголем број млади дизајнери беа дел од хуманитариот настан за кој тие дизајнираа „прегратки“ кои може да се делат како подарок.
„Благодарение на сите учесници и присутни успеавме 21 јануари, Светскиот ден на прегратките да го направиме вистински празник на гушкањето и хуманоста. Презадоволни сме од целиот настан и од собраните средства. Малкуте работи кои не успеаа да го „гушнат“ својот сопственик ќе бидат достапни во Концепт 37 до 23 јануари, па кој не бил во можност вчера, може да одбере прегратка и да подари насмевка некому“, изјави диизајнерката Ирина Тошева, една од организаторките на настанот.
Различните пристапи кон уметноста на дизајнерите собраа различни луѓе од различни кругови кои беа дојдени за една цел.
Атмосфера во Концепт37 ја загреаја диџеј Чваре и Game over, а дизајнерката Нина Симовска, сопственик на брендот „Just because” и истакна дека е среќна што е дел од хуманитарната акција.
„На Скопје му требаат вакви настани, а ни требаат и нам, да не заборавиме дека има луѓе на кои им е потребна нашата помош. Многу ми е мило што скоро целата изложба беше распродадена, што значи целта беше постигната, а нас ни беше супер да направиме уште една лабава дружба на тема гушкање“, истакна Симовска.
,,Дизајнирани прегратки’’ e настан во организација на Млади за љубов, кој обедини 15 домашни дизајнерски имиња во проектот за прослава на хуманоста и радоста. Изработките од дизајнерите се продаваа по симболична цена за помош на продавачите од ,,Лице в Лице’’.
Сара Миленковска
ФОТО: Скопје Кежуал