Лабораторија во Токио го креираше првиот истражувач со вештачка интелигенција во светот

Лабораторија за висока технологија со седиште во Токио го претстави првиот научник со вештачка интелигенција, „АИ Сајантист“ – кој е најсовремена програма за вештачка интелигенција способна за нови научни откритија, пишува „Анадолу“.

Како што информираат од лабораторијата, „АИ Сајантист“ е дизајниран самостојно да работи на научни истражувања.

„Може да дојде до нови идеи, да создаде методологија, да спроведе тестови и да напише извештај за тоа. Системот може да учи од сопствените извештаи и да развива нови подобри идеи.“, велат оттаму и додаваат дека овој научник со вештачка интелигенција ќе им биде добар придружник на човечките научници.