Францускиот бренд „Лакост“, препознатлив по поло-маичките со логото на крокодил, се ребрендира со цел поголема заштита на загрозените видови животни.
Компанијата одлучила да го замени крокодилот од своите производи со други загрозени видови животни во лимитирана серија производи кои беа промовирани на Париската модна недела.
Заедно со Меѓународниот сојуз за конзервација на природата, новите маички на „Лакост“ ќе имаат десет различни загрозени животни. Меѓу нив и какапо папагал, калифорниски кондор и желка од Мјанмар.
Секоја од маичките е произведена во лимитирана количина, според бројот на секој од видовите во природата.
Колекцијата брзо била распродадена преку интернет-страницата на компанијата, но, за разлика од загрозените видови, набрзо биле достапни и нови количини.