Средношколските ученички заедници кои биле најактивни и придонеле за поголемо учество на учениците во донесување одлуки од сега ќе можат да конкурираат за наградата „најГЛАСни“, која ја лансираа Сојузот на средношколци на РСМ, Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД).
Повикот е отворен за сите средношколски заедници од државните и приватни училишта кои во текот на учебната 2021/2022 година биле активни и придонеле за поголемо ученичко учество во донесување на одлуките.
Наградата ќе се доделува на годишно ниво, на ученичките заедници кои демонстрираат активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија.
„Преку наградата за средношколско учество сакаме да дадеме наш поттик и придонес за средношколското учество во нашата земја, но и да ги препознаеме, наградиме и поддржиме позитивните примери во делувањето на средношколците. Во рамки на овој повик ќе бидат избрани најмногу 3 средношколски заедници кои во изминатиот период со своето делување придонеле за средношколското учество во нивните училишта и кои имаат план и визија за периодот кој следува“, стои во повикот.
Пријавување за наградата се врши електронски со пополнување на пријавата на следниов ЛИНК.
Рокот за пријавување истекува на 20.02.2022 година.
Од вкупно добиените апликации, ќе бидат селектирани 4 до 6 финалисти, кои ќе бидат известени најдоцна до 01.03.2022.
Финалистите ќе бидат поканети да присуствуваат на завршен дводневен настан кој ќе се одржи во средината на месец март 2022 година. Секој финалист ќе биде составен од четири претставника (три ученика и одговорниот наставник) од избраните ученички
заедници. На дво-дневниот настан финалистите ќе имаат можност да ја претстават работата на средношколската ученичка заедница, од каде што 3 средношколски ученички заедници ќе бидат наградени.
Секоја наградена училишна заедница ќе добие признание, плакета и банер со наградата и со логото и името на нивната ученичка заедница. Трите ученички заедници, покрај признанието, ќе добијат финансиска поддршка во висина од 10.000 МКД за реализација на активност во рамки на своето училиште до крајот на учебната година 2021/2022. Покрај ова тие ќе добијат насоки и менторство од страна организаторите за како да ја подобрат својата работа и како да ја спроведат замислената активност/иницијатива.
Повеќе информации на следниве линкови: Македонски / Албански