Денеска се лансираше првата Платформа за родови статистики за земјава, соопштија од Канцеларијата на UN Women преку нивната Фејсбук страница.
На платформата се собираат сите родови статистики на едно место и има за цел да служи како алатка за промовирање на родовата еднаквост, посочија од UN Women.
На веб-страницата засега можат да се најдат информации, односно податоци во неколку категории како информатичко општество, население, образование и наука, одржлив развој, пазар на труд, социјална статистика и судство.
Платформата, како што посочуваат тие е креирана за Државниот завод за статистика преку нивниот Проект за вклучување на родовата перспектива во администрацијата.