Легендарната група АББА настапи во живо прв пат после 30 години

Четворицата членови на АББА се појавија на заеднички настап во Шведска, изненадувајќи ги обожавателите со ненајавена изведба на песната The Way Old Friends Do.

Ѕвездите се собрале во неделата на приватна забава да го прослават 50-годишното партнерство меѓу композиторите Бјорн Улвеус и Бени Андерсон. За време на гала вечерта, Агнета Фалцког и Ани-Фрид Лингстад ја исполнија познатата песна на АББА, The Way Old Friends Do.

Улвеус и Андерсон се приклучија на настапот на крајот на песната, со што го одбележаа првиот јавен настап на бендот после цели 30 години.

Откако победија на Евровизија во 1974 година, АББА продадоа речиси 400 милиони албуми низ светот. Mamma Mia!, мјузиклот базиран на нивните хитови и продуциран од Улвеус и Андерсон, е гледан од повеќе од 50 милиони луѓе.

За време на нивниот најуспешен период, бендот преживеа разводи меѓу Улвеус и Фалтског, и Лингстад и Андерсон, а конечно се распадна во 1983 година.

Нивениот последен настап се случи три години подоцна, на шведската верзија на телевизиското шоу This Is Your Life, во чест на нивниот менаџер Стиг Андерсон.

Оттогаш му одолеваа на притисокот да настапуваат заедно, одбивајќи сума од една милијарда долари за турнеја во 2000 година, пренесува ВВС.