„Леново“ продава повеќе мобилни телефони од компјутери

Кинеската компанија „Леново“ соопшти дека продала многу повеќе мобилни телефони отколку компјутери.

„Леново“ продава повеќе мобилни телефони од компјутери

„Леново“ изминатиот квартал продал 14,5 милиони компјутери и 15,8 милиони мобилни телефони, покажуваат најновите податоци.

Кинеската компанија најголем дел од своите производи ги пласира на домашниот пазар. „Леново“ продала вкупно 13 милиони мобилни телефони на домашниот пазар, што е над 82 проценти од вкупниот број продадени уреди, пренесе МИА.