For the text in English click “Еnglish” / За текстот на англиски јазик кликнете „Еnglish“
-
Две имиња се издвојуваат во психоделичната транс сцена со нивните извонредни придонеси и трајното наследство. „Atriohm“ и „Tengri“, пионерите кои го обликуваа звучниот пејзаж на форест псајтрансот, како и инспирираа безброј уметници и фанови, оваа година ја слават својата 20-годишнина. За да го доловам оваа значајнo достигнување, разговарав поединечно со „Atriohm“ и со „Tengri“, осврнувајќи се на нивното заедничко музичко патување, различните креативни процеси и еволуцијата на психоделичниот транс.
Придружете ни се додека се нурнавме во тие приказни, откривајќи ја нивната страст и посветеност, кои ги ставаат во првите редови на жанрот во последните две децении.
Во оваа специјална пригода, имав чест да соработувам со Лео на колаборациската трака „Armonika“ на неговиот последен јубилеен албум. Дополнително, правев мастеринг на темата „Window Seat“ на EP-то на Саше и придонесов за мастерингот за неговото издание „Atriohm – RMXs“, објавено на Bandcamp.
Здраво Лео, прво честитки за 20-годишнината, од „Atriohm“ преку „Tengri“ како чил проект, па враќање на псајтранс, се’ до новороденчето „Kazan“. Но, твојата професионална музичка кариера започнува 10-ина години порано со пауер-поп триото „Студени Нозе“. Aјде малку раскажи ни за транзицијата, како доаѓате до транс звукот и кога решавате да го започнете „Atriohm“? Во некоја од песните на „Студени Нозе“ може да се начуе гоа влијание, како на пример во „Во Парк“, дали во тоа време веќе размислуваш за започнување на транс проект, или?
Случајно се поклопува завршувањето на групата „Студени Нозе“ со почнување на псајтранс движењето кај нас. Често одевме на журки, паметам дека тогашните диџеи пуштаа разнолика електронска музика во нивните сетови, од тука е и влиајанието на електронскиот звук во некои од песните на „Студени Нозе“. Од некаде ми улета некое ЦД снимено со гоа-транс музика, бев тотално фасциниран, како некој кој има голема страст за синтисајзери, а во тоа време поседував неколку, одма почнав да пробувам да го имитирам тој звук.
Во истиот период случајно завршив на псајтранс журка во соседна Грција со блиски пријатели кои подоцна почнаа да ги прават првите журки кај нас. Почнав со псајтранс и чилаут диџеј сетови во 1997 година, во 2000 година успеавме со брат ми да склопиме аматерско студио и од тука почнува „Atriohm“ прикаската.
Знам дека си убер Золод фан, сме ги спомнале низ муабети и „Digital Talk“ и „Xeno“, со друго влијае на раниот „Atriohm“ звук? Дали се трудите да му дадете насока на проектот во самиот старт или тој длабок форест звук ви доаѓа природно/спонтано?
Золод секако до денешен ден е инспирација, а покрај „Digital Talk“ и „Xenomorph“, тука се и „Jahbo“, „Grapes Of Whath“, „Kindzadza“, „Para Halu“, со првите изданија генерално. „Parvati“ звукот ни беше огромна инспирација понатака и „Derango“ и се’ што излегуваше од „Sanaton Records“, многу слушавме и чилаут музика. Од инспирацијата не се бега, сите тие влијанија оставаат печат на нашиот звук, но никогаш не сме се стремеле кон тоа да звучиме некако, само правевме тоа што ни се допаѓаше спонтано и без оптеретување да припаѓаме кон некој жанр.
Ред е за некој збор за „Ukalen“, објавен за „Parvati“ во 2009 година. „Ukalen“ во тоа време e поим за македонскиот звук, често се врзува за Галичник, руши стандарди, поставува нови граници, за многумина почеток на една нова доба за dark/forest музиката. Како се чуствувавте додека работевте на албумот и како се чувствувате денес после се’ тоа што го достигна изданието?
„Ukalen“ албумот е правен во Галичник со минимална опрема, во тоа време немавме ни студиски монитори. Можам да ти кажам дека со голем ентузијазам е работено на албумот, но до последно не бевме сигурни дека тоа што го правиме е доволно добро, ни од далеку не помислувавме дека ќе стане еден од култните албуми во оваа музика и дека ќе оформи нов правец во форест звукот.
Во пикот на „Atriohm“ решаваш да престанеш со трансање, излегуваш од „Atriohm“ и почнува „Tengri“ прикаската, но овојпат сосема нов концепт, само чил, за еден од нај „hot“ лабелите во тоа време. Што беше причината за оваа голема промена?
Неколку причини има за моето излегување од „Atriohm“, прво брат ми Саше се пресели во друга држава и тука се прекина процесот на работење кој го имавме, во исто време се осетив презаситен од интензивните патувања, па така решив да прекинам со патувања, но не и со правање музика. Чалаут музиката секогаш ме привлекуваше, можеби и повеќе од транс звукот. Првичната идеја ми беше да правам чилаут музика и да ја ставам за слободно спуштање на интернет, но многу случајно „Ajja“ и „Master Marherita“ ja слушнаа и решија да ја издадат за нивниот лабел „Peak Records“, така настанува „Ikaros“ албумот.
„Tengri“ ќе прерасне во еден од најголемите чил проекти, огромен број изданија, колаборации со некои од најзначајните имиња на сцената и за мене лично, кулминацијата „Ukalen Revisited“. Коментар?
Колку и да сакаш да избегаш од себе е невозможно. „Tengri“ проектот стана премногу голем така што беше неизбежно да се вратам во лупот на патувања и гостувања по фестивали низ целиот свет. Идејата за „Ukalen Revisited“ беше да се оживее албумот преку нов пристап кој сам по себе претставуваше голем предизвик, не е едноставно да се прават ремикси на ваков култен албум. Од овој аспект сум супер задоволен од тоа како излезе, мислам дека како албумот, така и ремиксите се безвременски.
На големо изненадување за многумина, „Tengri“ прераснува во транс проект со „Old Soul“ даркерко-утрински албум, атмосферичен, длабок, а сепак мелодичен до солзи. Како го смени мајндсетот од чил пак назад на транс? Знам дека работиш доста брзо, си поставуваш рокови, дали и овој пат се’ одеше брзо и глатко, или?
Тоа што ме држи 20 години како продуцент се предизвиците кои си ги поставувам и концептот се’ што правам да звучи различно од претходното. Не работам толку брзо колку што многу долги саати поминувам во студио. Секојдневно, раота во просек по осум саати и не отстапувам од проектот што сум го поставил додека не го завршам. Секогаш барам нешто ново за да не станам досаден на себе си и на публиката. После многу години работење само чилаут музика, следниот предизвик беше псајтранс албум кој сакав да звучи како ништо што претходно сум работел, без предрасуди околу стилови и дали ќе припаѓа на одреден лабел. Резулататот беше „Old Soul“ албумот кој излезе за мојата матична куќа „Parvati Records“.
„Tengri“ e супер успешен на двата фронта, свириш често, има изданија, но не те држи место… Ќе го најавиме ли малку и „Kazan“?
„Kazan“ е мојот нов проект, „музика за зајдисонца“ е мојата водечка инспирација. Музика на 140 BPM-а, меланхолична, мелодична, длабока, а сепак психоделична. Оваа година ќе излезат 2 EP-a со по 4 траки. Едвај чекам да го претставам „Каzan“ проектот пред публика на подиум, live сетот го работам и е скоро готов.
Пред некое време влезе во дупката без дно, позната како „Eurorack“ модулар. Колку голема улога игра во твојата музика и како го користиш? Кога сме веќе кај продукција, ќе споменеш некои фаворит техники, плагини, што те инспирира во моментот?
Долго време се мислев дали да влезам во прикаската „Eurorack“, како што сам кажа ова е дупка без дно и воедно е сериозна инвестиција. Сфатив дека тоа што би сакал да го правам со модуларот е нешто што не можам да го добијам како звук со ниту еден друг сајзер. Мојот концепт беше да направам машина само за „weird self generating atmospheres and fx“. Со неколку грешки во модули хаха, во моментов имам модулар кој го употребувам во секоја трака и ми претставува бесконечна инспирација. Тоа што најмногу користам во моментов покрај „Eurorack“ модулар, e „Access Virus“, „Korg Wavestate“ и „Behringer Neutron“.
Што е наредно во твојат богат репертоар? Имаш некоја нова замисла?
Во моментов се осеќам испразнет после „Tengri“ албумот и „Kazan“ новите траки, па летово ќе направам пауза од студио после долго време. Во меѓувреме се гледаме на подиум!
И некој збор за крај, порака до читателите?
Сите овие години се посвета за вас, сите вас. До оние кои ме поддржуваат и ја купуваат мојата музика, до оние кои ме букираат и ме носат да ја свирам мојата музика низ светот, до оние кои молчат, до оние кои го извикуваат моето име, до оние кои танцуваат низ ноќта, до оние кои ги „хамкаат“ моите траки во нивниот секојдневен живот… Ви благодарам… Без вас, мојата музика би била само празна тавтологија.
Многу љубов, Лео
Автор: Андреј Љатковски – Hermit
Уредник: Бојан Шашевски – ШашеИнтервјуто со Саше Голчев – „Atriohm“ може да го прочитате ТУКА
-
[Interview] Leo Golchev, Tengri: All these 20 years are a tribute to you, each and every one of you
Two names stand out in the psychedelic trance scene for their extraordinary contributions and enduring legacy. Atriohm and Tengri, the pioneers who shaped the soundscape of forest psytrance as well as inspired countless artists and fans alike, are celebrating their 20th anniversary this year. To capture this significant milestone, I was chatting with both Atriohm and Tengri, reflecting on their shared journey, distinct creative processes, and the evolution of psychedelic trance.
Join us as we delve into those stories, uncovering the passion and dedication that have been putting them at the forefront of the genre for the past two decades.
For this special occasion, I had the honor of collaborating with Leo on a versus track called Armonika on his latest anniversary аlbum. Additionally, I mastered the track Window Seat on Sashe’s EP and contributed to the mastering for his Bandcamp release of Atriohm – RMX’s.
Happy anniversary, Leo! From Atriohm to Tengri as a chill project, to shifting back to trance, all the way to the current newborn project, Kazan. Yet, your professional music career actually began a decade earlier with a Power Pop trio Studeni Noze. Could you share some insights about that transition? How did you find your way to the trance sound, and what led to the start of the Atriohm project? A Goa influence can be heard in some of the Studeni Noze songs, like Vo Park. Were you already thinking about launching a trance project during that time?
The conclusion of Studeni Noze coincided with the emergence of the psytrance movement. We used to attend parties regularly, and I distinctly remember the DJs spinning a mix of electronic tracks. This is where the electronic sound began to influence some of the Studeni Noze’s songs. Somewhere along the way, I stumbled upon a CD featuring Goa trance music, which fascinated me entirely. With a deep passion for synthesizers and owning a few at the time, I immediately started experimenting to replicate that sound. Additionally, I found myself unexpectedly attending a psytrance party in neighboring Greece with close friends who later initiated the first parties right here in Macedonia. I began my journey in 1997, with psytrance and chillout DJ sets. In 2000, my brother and I managed to set up an amateur studio, and from there the Atriohm story unfolded.
Given our previous discussions, I know you’re a huge fan of Zolod, as his name came up along with mentions of Digital Talk and Xenomorph. What else influenced that early Atriohm sound? Did you intentionally steer the project’s direction from the outset, or did that deep forest sound evolve organically and spontaneously?
Zolod remains an enduring source of inspiration to this day. Alongside Digital Talk and Xenomorph, other influences include Jahbo, Grapes of Wrath, Kindzadza, and Para Halu with their initial releases. Generally, the Parvati sound was a huge inspiration for us, as well as Derango and everything that came out of Sanaton Records. We also listened to a lot of chillout music. We don’t shy away from inspiration, all these influences leave a mark on our sound. However, we never strive to sound a certain way—we just create what comes to us naturally, without burdening ourselves to adhere to any specific genre.
Let’s turn our attention to Ukalen for a moment, released for Parvati in 2009. At a time Ukalen exemplifies the Macedonian sound oftentimes associated to Galichnik. It breaks the standards and sets new limits, in view of many listeners marking a somewhat new dark/forest music era. Reflecting on the album’s creation, how did you feel being so deeply immersed? And now, what are your sentiments regarding the impact that release had made?
The Ukalen album was crafted in Galichnik under humble circumstances, with minimal equipment, and lacking even basic studio monitors. We worked on the album with great enthusiasm, but we were unsure until the end if what we were doing was any good. We never imagined it would become one of the cult albums in this style of music, shaping a new trajectory for the forest sound.
At the peak of Atriohm, you made the decision to step away from producing trance. You exited Atriohm and started the Tengri journey, a completely new concept focused solely on chillout for one of the most distinguished labels at the time. What motivated this significant change?
There were several reasons behind my departure from Atriohm. Firstly, my brother Sashe relocated to another country, and that’s when our collaborative workflow was disrupted. Additionally, the constant travel associated with Atriohm became overwhelming for me, leading me to decide to step back from touring while continuing to create music. Chillout music always attracted me, perhaps even more so than the trance sound. Initially, the plan was to produce chillout tracks and offer them for free download online. However, quite serendipitously, Ajja and Master Margherita came across the tracks and chose to release them on their label Peak Records, leading to the creation of the Icaros album.
Tengri evolved into one of the foremost chill projects, boasting a huge number of releases, collaborations with some of the most significant names in the scene. For me personally, the culmination was Ukalen Revised. Could you comment?
As much as one might try to evade their own path, it’s an impossible feat. The Tengri project grew substantially, inevitably drawing me back into the whirlwind of global travel and festival performances. The concept behind Ukalen Revised was to rejuvenate the album with a fresh approach, a task that presented significant challenges. It’s a formidable challenge to create remixes for such a legendary album. From this perspective, I am immensely gratified with the outcome. I believe both the album and its remixes are timeless.
To the surprise of many, Tengri evolves into a trance project with Old Soul, a darker morning album, atmospheric, deep, yet sentimentally melodic. How did you shift your mindset from chill back to trance? I know you work quite fast, setting deadlines for yourself. Did everything unfold swiftly and smoothly this time around, or otherwise?
What continues to drive me after twenty years as a producer are the challenges I set for myself. My aim is to ensure that each track I create sounds distinct from the last. My workflow isn’t as rapid as it appears, spending long hours in the studio. I maintain a consistent work schedule, averaging around eight hours a day, every day. I’m committed to seeing a project through to completion once I’ve embarked upon it. I constantly seek innovation to avoid stagnation, both for myself and for the audience.
After dedicating many years solely to chillout music, the next challenge was to craft a psytrance album that I wanted to sound like ‘nothing I had done before’, free from any preconceived notions about style or label affiliations. The result was the Old Soul album, released under my home label, Parvati Records.
Tengri enjoys success in both directions, you frequently perform and releases continue, yet you are restless… How about we announce Kazan?
Kazan marks my latest project, music for sunsets is the leading inspiration. It’s characterized by its melancholic, melodic, and deep yet psychedelic sound, set at 140 bpm. This year will see the release of two EPs, each comprising four tracks. I can’t wait to present the Kazan project to the dancefloor audience, the live set is in the works and is almost ready.
A while back, you got into the bottomless pit known as Eurorack Modular. How big of a role does it play in your music, and how do you use it? Since we are on the topic of production, could you mention some favorite techniques, plugins, and what inspires you at the moment?
Well, it’s immense. I’ve been pondering over whether to venture into Eurorack for quite some time, recognizing it as both a bottomless pit and a substantial investment. However, I realized that the sonic possibilities it offers are unparalleled by any other synthesizer. My vision was to craft a machine dedicated to producing peculiar self-generating atmospheres and FX. Despite encountering a few hiccups along the way (haha), my current modular system is a staple in every track, serving as a boundless source of inspiration. Apart from Eurorack Modular, I find myself gravitating towards the Access Virus, Korg Wavestate, and Behringer Neutron.
What comes next? Are you coming up with any new concepts to add to your vibrant repertoire?
As for what’s next in my repertoire, I’m currently feeling drained after completing the Tengri album and crafting new tracks for Kazan. Hence, this summer, I’m taking a much-needed break from the studio. In the meantime, I’ll catch up with you on the dancefloor!
Before we sign off, a message to the readers?
All these years are a tribute to you, each and every one of you! To those who support me and buy my music, to those who book me and bring me to play around the world, to those who stay quiet, to those who shout my name, to those who dance through the night, and to those who hum my songs in their everyday lives… Thank you. Without you, my music would merely be a repetition without essence.
Much love, Leo.
Author: Andrej Ljatkovski – Hermit
Editor: Bojan Shashevski – ShasheYou can read the interview with Sashe Golchev – Atriohm HERE