Леонардо ди Каприо на Инстаграм ја поздрави борбата за реката Неретва во Босна и Херцеговина

Познатиот холивудски актер и борец за зачувување на животната средина Леонардо ди Каприо им даде поддршка на активистите кои се противат на изградба на мали хидроцентрали на реката Неретва во Босна и Херцеговина, пренесува „Н1“.

„Добри вести за босанските реки: Министерството за внатрешни работи ги поништи градежните дозволи за две мали хидроцентрали на прекрасната река Неретва“, напиша Ди Каприо во објавата на Инстаграм.

Тој посочи дека локалните жители и нивните две невладини организации „Пушти ме да течам“ и Зелени Неретва, кои се застапувани од Архус Центарот иницирале правен предизвик за проектите и организираа протести против изградбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio)

Исто така, локалните жители побараа од кантонскиот обвинител да утврди дали е можно да се поведе кривична постапка против службениците кои ја издале дозволата без согласност на јавноста.

„Локалната заедница во Неретва жестоко се противи на било какви градежни проекти на реката. Се уште се чека на одлуката за кривична пријава, но ако биде усвоена, тоа ќе биде силно предупредување за другите локални политичари да го почитуваат владеењето на правото“, напиша тој.

Актерот Леонардо ди Каприо упати апел за заштита на балканските реки од хидроцентрали