Македонскиот алтернативен музичар Љупа Ангелов (Lepi Xhoni/The John) издаде нова песна, која е преработка на композицијата на Драган Ѓаконовски – Шпато „Девојка“ од 1948, која легендарниот композитор на популарни нумери ја напишал кога имал само 17 години.
Ова е трето официјално издание на “Jesus Pill & Balam“, новата издавачка куќа на Љупа. Снимена е пролетва во студиото на ПМГ, а кавер-сликата е дело на Неда Дамчевска.
Lepi Xhoni ќе можеме да го видиме во живо овој петок (25 јули) на платото пред МКЦ, на концерт заедно со бендот ТИ од Белград и Dojo (Дуња Дачиќ) од Нови Сад.