Бродот на европски студенти – БЕСТ Скопје и ова лето, по 17. пат го организира меѓународниот Летен Академски Курс што ќе се одржи од 10 до 18 јули.
„За време на овој 9 дневен настан ќе се одржат предавања на теми од областа на енергетската ефикасност и одржливоста од страна на искусни професори од Градежниот Факултет и Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје и стручни предавачи од врвни компании. Настанот брои околу 30 учесници, а половна од нив се од различни држави низ Европа“, се наведува во соопштението на БЕСТ.
Од студентската организација велат дека со овој настан се трудат на студентите да им обезбедат формативни искуства во полето на образованието, културата, социјалниот живот и личниот развиток.
„Искуствата од меѓународен карактер преку коишто студентите ги прошируваат нивните познанствата низ цела Европа, и воедно го надополнуваат своето стручно познавање во областа на нивните студии, се есенцијални за секој амбициозен студент! На самиот крај учесниците ќе полагаат завршен испит преку кој се стекнуваат со соодветен сертификат“ велат од организацијата.
БЕСТ ги охрабрува сите заинтересирани студенти да се пријават и да ги контактираат на нивните профили на социјалните мрежи, тука и тука.