Традиционалната прослава на летниот сонцестој кај Стоунхенџ, годинава нема да се одржи поради забраната за собири поради пандемијата на Ковид-19.
Сепак, организаторите ќе се погрижат јавноста да ужива во овој феномен, така што во живо ќе го пренесува на своите социјални профили. Преност ќе започне ноќта на 20 јуни, а ќе трае до изгрејсонце на 21 јуни.
Од своите почетоци, овие древни објекти се поврзувале со летните и зимските сонцестои на северната Земјина полутопка. Собирањето на Стоунхенџ е вековна традиција. Секоја година, илјадници луѓе се собираат за да го одбележат најдолгиот ден во годината.
Стоунхенџ е дел од светското наследство на УНЕСКО уште во 1986 година.