Летно кино во Музеј на современа уметност

Киното во Музејот на современата уметност ја најави втората филмска недела. Од 26 до 28 јули, публиката ќе може да ужива во дополнителни, три филмски остварувања кои ја обработуваат „жешката тема“ – Украина.

„Се работи за три документарни филмови, кои во изминатите години беа прикажувани и наградувани на најзначајните филмски фестивали низ светот“, велат од МСУ.

Бесплатните проекции ќе започнуваат во 21 часот на отворено, односно тремот на МСУ, а капацитетот е 60 седишта.

На 26 јули ќе биде проекцијата на филмот „Земјата е сина како портокал“, додека наредниот ден, на 27 јули ќе се прикаже документарецот „Дождов никогаш нема да запре“.

За 28 јули е најавена проекцијата на филмот „Далечниот лаеж на кучињата“.

Повеќе детали за филмовите кои ќе се прикажуваат на Кино МСУ, може да прочитате на оригиналниот настан.