Летовите во еден правец надвор од Русија денеска брзо се распродадоа, откако претседателот Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти, јавува Ројтерс.
Најавата на Путин, дадена во телевизиско обраќање во раните утрински часови, ги зголеми стравувањата дека на некои мажи во борбена возраст нема да им биде дозволено да ја напуштат Русија.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека мобилизацијата ќе биде ограничена на оние со искуство како професионални војници и дека студентите и оние кои служеле само како регрути нема да бидат мобилизирани.
Сепак, податоците на „Гугл Трендс“ покажаа скок во пребарувањата за „Авијаселс“, најпопуларната веб-страница во Русија за купување билети за летови.
Директните летови од Моска до Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, двете дестинации кои им дозволуваат на Русите да влезат без виза се распродадени според податоците на „Авијаселс“.
Некои летови со попатни станици, вклучително и оние од Москва до Тбилиси, исто така беа недостапни, додека најевтините летови од главниот град до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубљи или 5.000 долари, што е околу пет пати повеќе од просечната плата.
Западот ги осуди најавените квази референдуми во Источна Украина, Путин нареди делумна мобилизација