Утрово движењето „ЛезФем“ на повеќе локации низ Скопје постави транспаренти, преку кои им посакаа пријатен ден на минувачите од лезбејките. На излезите од Скопје ги испратија посакувајќи им пријатен пат, додека на влез на Скопје им посакаа добредојде.
Акцијата предизвика различни реакции, па на социјалните мрежи и низ порталите веќе се пишува и објавува слики од транспарентите. Повеќе фотографии се достапни на Фејсбук страницата на „Лезфем“.