Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го организира настанот „Вечер на таленти” на кој ќе биде претставено видеото работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, Марија Михајловска и Ангела Николовска.
Видеото ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот.
Во вториот дел од настанот ќе се презентираат таленти на неколку млади луѓе со физичка и интелектуална попреченост, кои за присутните ќе читаат поезија, ќе изработуваат накит, ќе сликаат и ќе имаат музички перформанс.
Поезија ќе читаат:
– Беира Салифовска
– Александар Матовски – Цако
– Маријан Трајковски
– Елена Анакиева
– Себаат Ајвази
– Аце Спирковски
– Ангел Ангелов
Со своите ликовни дела ќе се претстави Тома Димовски, а својот накит ќе го изложува Елизабета Петковска.
За музичкиот дел ќе се погрижат:
– Фејма Ајвази – интерпретација на песна на знаковен јазик
– Филип Величковски – рецитал и глума
– Марија Узуновска – свирење на гитара
– Николче Делов (вокал) и Сотир Јоновски (клавијатура)
Настанор ќе се одржи во четврток (22 јуни) во Јавна соба, со почеток од 19 часот.