Лицата со посебни потреби ќе можат да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП како и во кабините на Жичарницата на Водно.
„Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности“, соопштија од ЈСП.
Оттаму ги повикуваат сите патници да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.
Претпријатието апелира и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.