Изложбата на илистрации насловена LIFE, на Вања Штркова ќе биде отворена утре ( 25 март) во „Концепт 37“.
Ова е прва самостојна изложба на младата графичка дизајнерка и илустраторка на која ќе претстави дела посветени на секојдневието на една индивидуа.
„Ликовите кои се илустрирани, како тема на изложбата, ја претставуваат ја претставуваат секојдневната коегзистенција на анимата и анимусот во една личност. Нивната константна игра на преовладување… Додека едниот ја има улогата на создавач на хаос, другиот пробува да ја стиши. Улогите на анимусот и анимата, како што ќе можете да приметите, во зависност од тоа кој ја има доминантноста на личноста, може да се појави во улога на 4 женски ликови, 4 женски карактеристики, или па две деца кои се кријат во хаосот на анимата“, се појаснува во најавата на изложбата.
Отворањето е закажано во 20 часот, а за музиката ќе биде задолжен Бојан Чакра. Изложбата е од продажен карактер.