На 29 мај (среда) со почеток во 19:30 часот во Едукативниот Културен Центар „Лабораториум“ во Скопје, ќе биде отворена првата изложба на слики во акварел на Илина Поповска, насловена „Ликот на непознатото”.
„При процесот на изработка на едно уметничко дело во акварел, слоевитоста на постапката ни го открива ликот кој што со секој нареден слој станува појасен, препознатлив, видлив. Низ овие дела прикажани некои од оние места кои што ни се далечни непознати во моментот, но се примамливи и привлечни за запознавање“, велат организаторите.