Во рамките на европскиот проект CreArt под покровителство на Град Скопје во Изложбениот салон – Империјал 1 при ЈУ КИЦ – Скопје , на 22 јуни од 20 часот ќе се отвори ликовна изложба на Јулија Поциуте (Литванија ) и Владимир Илиевски (Македонија).
Куратор на изложбата е историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски. Изложбата ќе биде отворена до 6 јули.
Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија.
Владимир Илиевски досега има реализирано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 година. Како позначајна награда, од неколкуте кои ги има добиено, е наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 година.