„Lincoln Letter“ со темата „Skull and Bone“ го најавуваат новиот албум

Скопскиот рок бенд „Lincoln Letter“ вчера го објавија нивниот спот за новата песна „Skull and Bone“ – пиратска приказна за екипаж кој трага по својот капетан.

По неколку години пауза поради географска оддалеченост на членовите, „Lincoln Letter“ повторно се враќаат на сцената, овој пат со нова пиратска приказна. По минатиот спот и албум со каубојска – вестерн тематика, бендот одлучи да „заплови“ по нови води и како раскажувачи преку музика, својата нова тема ја најдоа во светот на пиратските приказни.

„Skull and Bone“ е воедно и најава за нивниот нов албум кој ќе излезе на крајот на летото.

Промоцијата на спотот се одржа во „Public Room“ каде членовите на составот – Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски, Андреј Ѓоршевски и Јан Стефановски – одржаа свој концерт.