Советот на млади на Општина Велес во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ по повод патронот на библиотеката и 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик распишаа литературен конкурс за средношколците во Велес на тема „Мојот јазик-мојот идентитет“.
На конкурсот средношколците може да учествуваат во две категории:прва за учениците од прва и втора година и втора категорија за оние од трета и четвртта година. Краен рок за доставување на творбите е 19 февруари, додека прогласувањето во двете категории ќе биде на 22 февруари.
Целосните информации за пропозициите за конкурсот може да се симнат од следниот ЛИНК.