Литванија ја преименува улицата која води до руската амбасада во „Украински херои“

Литванскиот главен град Вилнус им даде нова адреса на руската амбасада, која сега се наоѓа на улицата „Украински херои“ како чин на протест поради руската инвазија врз Украина.

„Од денска на визит картата на секој вработен во руската амбасада ќе стои и порака во која ќе се одбележи борбата на Украинците и сите ќе треба да размислат за злосторствата кои ги прави рускиот режим против мирната украинска нација кога ќе ја пишуваат оваа улица“, стои во соопштението на градоначалникот на Вилнус, Ремијус Шимашиус.

Симасиус го најави овој потег минатата недела а вчера работниците ставија нови улични знаци со новото име на улицата на литвански и украински јазик.

Ова не е прв пат Вилнус да ги користи уличните знаци и симболи со цел да испрати порака кон Русија. Во 2018 година градот го преименува плоштадот пред амбасадата по Борис Немцов, популарен опозициски лик кој беше убиен во близина на Кремљ од непознати лица.

Слични чекори направија и некои други европски држави. Во главниот град на Латвија минатата недела беше преименувана улицата на која се наоѓа руската амбасада во улица „Независна Украина“, додека во албанскиот главен град Тирана адресата на која се наоѓа руското претставништво беше преименувана во улица „Слободна Украина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erion Veliaj (@erionveliaj)