„17 часа кaчување, спуштање, болка, страв, замор, но со железна воља успеав!“, напиша Љуљета Адеми на својот Фејсбук профил откако го искачи највисокиот словенечки врв Триглав.
Со тоа, Љуљета стана првата жена со телесен инвалидитет која го искачи врвот висок 2.864 метри.
„Во животот секој човек треба да има сон, или да стане дел од сон, од визија, но ниеднаш не треба да седи пасивен”, напиша таа.
Според неа, секој може да биде инспиративен ако има желба позитивно да влијае на енергијата, мислите, емоциите и однесувањето на луѓето околу нив.
Нејзиното искачување е дел од кампањата „See Ability Not the Disability“ на УНИЦЕФ.
Во подготовките и помогнале водичот Нор Хусај од Валбона, Албанија, додека за време на планинарското искачување била придружувана од Мишко Танески од Охрид.