Aрхеолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија е засега најстарата неолитска населба во Македонија, покажуваат најновите истражувањата од Центарот за истражување на предисторија.
Оттаму денес информираат дека по неколкугодишна работа, новите лабораториски испитувања укажуваат дека населбата датира од 64 век пред новата ера, односно 300 години пред сите останати во регионот. Водено, како што велат оттаму, областа е една од најраните неолитски локалитети во Европа.
„Локалитетот Влахо е специфичен и по присуството на десетина ровови и објекти, што беше регистрирано со геофизичкото скенирање на неговиот простор. Археолошкото истражување на локалитетот го потврди постоењето на овие ровови, како и богатата стратиграфија сочинета од ранонеолитски слоеви во кои има остатоци од куќи од лепеж, белосликана керамика, фигурини, жртвеници, антропоморфни модели на куќи и алатки“, вели д-р Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторија.
Анализи покажуваат и дека на тоа место била консумирана храна од храна од пченица, јачмен, леќа, грашок, јаболки, капини, говеда, овци, кози и свињи, и тоа уште во самите почетоци на овој значаен локалитет. Водено, како што соопштуваат од Центарот, областа е една од најраните неолитски локалитети во Европа.
Резултатите добиени од мултидисциплинарното истражување на Влахо кај Живојно веќе публикувани во списанитето Патримониум, а уште неколку научни труда се дадени во печат во други светски издавачки куќи. Новите откритија за овој локалитет биле презентирани и на меѓународниот собир на Европската асоцијација на археолозите во Будимпешта, како и на предавања во Рим и Берлин.
Во истражувањето на овој локалитет соработуваат Завод и музеј – Битола, при што се вклучени и стручњаци од Универзитетот од Базел, Шпанскиот национален совет за наука, Универзитетот во Белград, Завод и музеј – Прилеп, Институтот за старословенска култура, Археолошкиот музеј на Македонија и студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“.