Членовите на Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово ја продолжија акцијата за „оживување“ на спортскиот центар.
Тие ја бојадисуваа спортската инфраструктура (лулашки, клацкалки, кошеви, реквизити за спорт и рекреација), но и со транспаренти упатија силна порака до надлежните институции за итна реконструкција на спортскиот центар.
„Упатуваме апел до надлежните институции за реконструкција на спортскиот центар како катче за рекреација и спорт на младите и граѓаните на Тетово, младите немаат место за спорт и рекреација“, истакна Марко Видачек, од Медиа/Арт клубот од Тетово.
На крајот на акцијата членовите на клубот го исчистија спортскиот центар од отпадот, а на почетокот на пролетта најавија поголеми акции за ревитализација на спортскиот центар.
На овој ЛИНК може да го погледнете и видеото од акцијата.
Бобан Костадиновски