Локална кампања: „Тетово – еден град за сите“

Во рамките на кампањата „Тетово – еден град за сите“ која се спроведува во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, во сабота (5 октомври) ќе се организираат повеќе настани во Тетово.

Локална кампања: Тетово - еден град за сите

Со почеток во 17.30 часот, во Лоја- Центарот за балканска соработка, ќе биде отворена  фото-изложба каде ќе бидат прикажани проблемите со кои се соочуваат граѓаните на општина Тетово (бездомните кучиња, отпадот во градот, проблемот со водата и паркинзите).

Паралелно со фото-изложбата ќе се одвива и работилницата за стенсил (изработка и стенсилирање на маички со пароли) кои по завршувањето на настанот ќе бидат подарени на посетителите.

Настанот ќе биде проследен со настапот на музичкиот гудачки квартет (I виолина Лида Алиу, II виолина Арбр Таири, виола Ардита Османи, виолончело Сара Синани)

Координатори кои ја спроведуваат кампањата се членовите на Медиа/арт клубот при Младински образовен форум – Тетово: Тоде Секулоски, Магдалена Новеска, Игор Стаменковски.

Проектот го релизираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум, со финансиска поддршка од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).