Групата Sex Pistols предложи идеја симболично да се одбележи раѓањето на панкот, и да се прослават 40 години од објавувањето на нивниот прв албум „Anarchy in the UK“. Лондон ќе биде домаќин на бројни настани охрабрувајќи ја панк сцената да учествува на прославата во 2016 година.
Според најавите, наредната година во Лондон ќе се одржуваат настапи во живо, дискусии и изложби во музеи со цел да се претстави оваа супкултура.
Со фокус кон панкот и неговите длабоки корени во Лондон, настаните ќе имаат за цел да го истражат неговото влијание во модерната култура и општество, од музиката до филмот, како и во политиката и модата.
Манифестацијата за одбележување на панкот ќе започне со Resolution Festival што ќе трае од 4 до 14 јануари, во „100 Club“, светски познатото место каде се одржа дводневен панк фестивал во септември 1976 година.